Колку е квалитетна храната што ја јадеш секојдневно?

0 Views· 06/07/23
Wellcast with Josif
Wellcast with Josif
0 Subscribers
0
In Drama

Знаеш ли што се случува со храната пред да стигне на полиците во еден супермаркет? Испитувањето на прехрамбени производи претставува сложен и долг процес чија цел е на луѓето да им овозможи здрава храна, а воедно и здрав живот. На оваа тема разговараме со Ана од Институтот за аналитичка хемија на храна која ќе ни каже повеќе за тоа како еден производ станува достапен за јавноста, кои фактори влијаат на квалитетот на производите и на нивниот рок на траење. Ќе ти расчистиме многу секојдневни дилеми во врска со на чување на храната, замрзнување, купување органска храна и сл. Затоа клик да ја одслушаш/излгедаш целата епизода. Интересни моменти: [03:05] Која е улогата на лабораторијата за аналитичка хемија на храна при Факултетот за ветеринарна медицина? [07:12] Зошто се важни процедурите за проверка на храната? [09:58] Како знаеме дали некој продукт може да се конзумира? Кои се стандардите? [11:16] Дали штетат контаминентите дури и кога се во дозволени граници? Може ли да се најде производ што воопшто нема контаминенти? [13:54] Органска храна наспроти конвенционална храна - разлики во квалитетот [15:43] Рок на употреба на производи: да го фрлам ли производот со поминат рок? [21:41] Дали смеам да презамрзнувам производи? [23:15] Што се испитува од нутритивните вредности за еден производ? [26:00] Како се испитува енергетската вредност (калориите) на еден производ? [28:53] Може ли физичко лице да дојде да побара анализа на храна? [29:39] Адитиви и емулгатори - што покажуваат испитувањата? [32:14] Адитиви во виното [33:49] Природни и вештачки адитиви - дали оправдано се стравува дека му штетат на здравјето? [35:35] Здравата храна како маркетиншки трик [38:07] Како амбалажата (пластика, стакло, метал) влијае на квалитетот на производите? [39:49] Тетрапак пакувањето - предности и маани [42:42] Чување храна и пијалоци во пластична амбалажа - да избегнувам ли? [44:48] Фамата за микробрановите печки [46:49] Амбициите на Ана [49:09] Како се одредува квалитетот на масло? Корисни линкови: Ана Ангеловска на LinkedInИнститут за хранаЈосиф Дамјанов веб-сајтЈосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и InstagramФитнес мобилна апликација FitKitЗдрава храна Coach Foods Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

Show more

 0 Comments sort   Sort By